(ФОТО) Кога за вас зборуваат соседите: Еве што откриле за Лепа Брена!

Сега повеќе нема тајни. Сега е откриено каква е навистина Лепа Брена.
Лепа Брена е едно од најголемите имиња во светот на музиката на овие простори. Во бившата држава била апсолутно најголемо пејачко име, но со распаѓањето на Југославија успеала да опстане и покрај бројните нови изведувачи.
Екипа на срски новинари отишла во соседството на Брена на Бежанијска коса и ги прашала каква е всушност пејачката. Ви донесувме некои од најинтересните одговори:
„Нормална жена, како и сите. Редовно доѓаат некои луѓе да бараат помош од неа. Велат дека ’ништо не им оди во животот’. Сакаат да им даде пари, доаѓаат дури и од странство“, говори еден од соседите.
„Таа е фина жена, минува го поздравува мојот Лаки. Сака кучиња, и таа има неколку. И таа некогаш имала куче Лаки. Со нејзинот маж Бобо исто така сум добар. Вели ’Здраво сосед, како си’“, открива друг.
„Еднаш кај нас се активираше алармот, а таа и синот Виктор веднаш дојдоа со нож. Мислеле дека некој крадец сака да влезе. Супер се, навистина“ рекло едно девојче.
„Еднаш избил пожар,а таа среде ноќ излета на улица. Сите се собравме а таа вели:’Сосетке јас повикав полиција и пожарникари’. Всушност не беше пожар, некој нешто палел но ветерот го носел димот кон нејзина куќа па поради тоа повикала пожарникари. Боба е баш за друштво. Тој на мајсторите ќе им даде јагнешко, а Брена не е толку трошаџика“ открил сосед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …