(ФОТО) Клои Кардашијан конечно проговорила за својот однос со измамникот Тристан Томсон

Долго се чекало старлетата да се изјасни за својата врска со НБА ѕвездата. А сега конечно и тоа се случило.Да потсетиме, неколку дена пред Клои Кардашијан да ја роди ќеркичката Тру, камерите го фатиле кошаркарот Тристан Томсон во измама.
Тој тогаш скоро и’ исчезнал од социјалните мрежи, а Клои престанала да ги објавува нивните заеднички фотографии, со кои скоро секојдневно го полнела профилот на Инстаграм.


Кардашијанката одбегнувала скоро било какви коментари околу инцидентот,а сега конечно го прекинала молчењето и тоа на неочекуван начин.
Клои одлучила да одговори на коментар на обожавателка која на Твитер се осврнала на нејзината врска со Тристан.


„Ја сакам Клои Кардашијан но многу сум разочарана што останала со пробисветот Тристан. На други жени им проповеда што би требало да направат за да се ценат повеќе и да си заминат кога ќе дојде време за тоа, а самата тоа не знае да го примени што ја први лицемерна“, напишала корисничката на Твитер на што старлетата и одговорила:
„Не си баш во право бидејќи не знаеш што точно се случува во нашиот дом и колку труд вложуваме само за да можеме да коегзистираме. Многу сум горда на себе и својата сила. Го ценам твоето мислење и се надевам дека го применуваш на сите кои се нашле во слична ситуација“.
Се чини дека Клои и Тристан се трудт да ја средат целата ситуација и да ја спасат својта врска, а кошаркарот пред неколку дена ја објавил и својата прва фотографија со нивната ќеркичка и неговиот син кој го има од претходна врска.

❤️

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …