(ФОТО) Ќерката на убиениот украински војник својот 1. роденден го прославила на гробот на нејзиниот татко

ЌЕРКАТА на Владислав Солдат го прославила својот прв роденден на гробот на нејзиниот татко. Украинското Министерство за одбрана објави фотографија од девојчето во розов фустан како седи и појадува на гробот на нејзиниот татко, украински воен херој убиен додека ја бранел својата земја од руската инвазија. Под нејзините нозе има чинија пецива и чаша вода.
Мајката на девојчето Олена рекла дека нејзината болка „не може да се опише со зборови“.
„Скршена сум“, напишала таа на интернет.


Се проценува дека од почетокот на руската инвазија на 24. февруари загинале околу 10. илјади украински војници.
„Илјадници деца повеќе не чекаат нивните родители да се вратат од војната. Поддржете ја Украина да им даде надеж на милионите кои сè уште чекаат“, соопштило украинското Министерство за одбрана.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …