(ФОТО) Ќерката на починатиот глумец ги воодушевила фановите: „Имаш очи на татко ти!“

Кога Пол Вокер, кој се прославил во филмовите „Брзи и жестоки“, загинал во стравична сообраќајна несреќа во 2013. година, Медоу имала само 14. години, а фановите и’ денес забележуваат голема сличност помеѓу неа и татко и…
Медоу Вокер (20), ќерка на починатиот глумец Пол Вокер, пред повеќе од една година ги напуштила своите профили на социјалните мрежи, а на милионите следбеници ненадејно им се вратила после паузата и ги воодушевила фановите.
За својот природен изглед заработила бројни комплименти на обожавателите. „Прекрасна си како Пол“, „Имаш очи на татко ти“, „Вистински ангел си“, се само некои од коментарите кои ја пофалиле Медоу.

View this post on Instagram


Hi

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker) on


Кога Пол Вокер кој се прослави со филмовите „Брзи и жестоки“ загинал во стравична сообраќајна несреќа во 2013. година, Медоу имала само 14. години. Две години подоцна, тогаш сеуште тинејџерка, одлучила да се бори за правда.

Подигнала тужба против „Порше“, бидејќи германскиот произведувач на спортски автомобили го обвинила за сообраќајната несреќа и смртта на својот татко. Ѕвездата на акциските филмови ќерката ја добил од врската со Ребека МекБреин (45).
Медоу како 18. годишна „тивко“ потпишала договор со модната агенција „Women Management“ под чиј ангажман делуваат некои од најславните манекенки на денешницата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …