(ФОТО) Ќерката им е трансродна? Џоли и Пит откриле дека нивното девојче сака машко име!

Девојчето откако наполнило 11. години посетило специјалист, кој и препорачал хормонална терапија и советување, за која верува дека треба да и помогне да стане момче.
Шилох Џоли-Пит е најстарото биолошко дете на поранешната актерска двојка, Анџелина Џоли (44) и Бред Пит (56) денес го слави 14-от роденден. Родена во градот Свакоммунд во Намибија, таа е вистинска мешавина на нејзините славни родители со руса коса и светли сини очи.
Она што е специфично за Шилох е фактот дека за неа кружат гласини дека таа е трансродна од кога имала две години. Бред и Ангелина никогаш не го потврдиле ова, но тие целосно ја поддржуваат во сè. Пит зборуваше за својата ќерка во едно од интервјуата со странски медиуми. Тој признал дека таа побарала да се вика Џон.


„Таа сака да ја викаме Џон или Питер. Мораме така да ја викаме. Порано беше слатко за нас како родители, но многу луѓе беа згрозени“, рекол Бред.
Исто така, Ангелина пред 10 години за „Vanity Fair“ изјавила:
„Шилох сака да се облекува како момче. Таа сака да биде момче. Затоа и ја скративме косата кратко. Таа смета дека е еден од нејзините браќа“, рекла Џоли.


Откако наполнила 11. години, девојчето посетило специјалист кој и препорачал хормонска терапија и советување, за што верува дека треба да и помогне да стане момче.
„Некои деца носат наметки и сакаат да бидат Супермен, а Шилох сака да биде како нејзините браќа. Таа нè изненади сите, но таа е многу интересна. Таа е повеќе од тоа. Таа е смешна и убава“, заклучила Ангелина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …