(ФОТО) Кејт Мидлтон скриена добротворка: Тајно донирала коса за девојче болно од рак!

Кога пред три месеци убавата војвотка драстично ја исекла косата, никој освен нејзините најблиски соработници не знаел каде ќе заврши нејзината коса.
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон,својата коса ја донирала во хуманитарни цели за да на девојчињата кои се болни од рак им се направат перики.
Како што пишуваат странските медиуми, пред три месеци фризерот скоро 20. сантиметри и ја исекол косата која потоа била донирана во оргнизацијата „Малечка принцеза“ (Little princess).Ова здружение произведува перики за најмладите пациентки кои после хемотерапија и зрачење останале без коса.
Кејт на оваа идеја дошла пред четири месеци кога фризерот и предложил да ја скрати косата, бидејќи и била премногу долга. За да косата не се фрли војвотката се сетила на акцијата и одлучила да ја подари.
„Косата е испратена под лажноиме така што организацијата не го знаеше нејзиното вистинско потекло – мислеле дека е од донаторка од областа Кенсингтон“ открил извор близок на палатата и додал:
„Прекрасно е кога ќе помислите дека таму некаде некое девојче носи перика направена од косата на нашата принцеза. Многу е трогателно тоа што го направила Кејт и многу внимателно бидејќи косата би била фрлена“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …