(ФОТО) Кејт Мидлтон се сретнала со Олена Зеленска, принцезата со детал и оддала почит на Дијана

ПРИНЦЕЗАТА од Велс Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретнала со сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленски, пред денешниот погреб на кралицата.
Да потсетиме, Олена Зеленска на погребот ќе го застапува и нејзиниот сопруг, кој не можел да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата.

Во комбинација со едноставен црн фустан, Кејт на состанокот со Олена носела бисерна нараквица, која некогаш и припаѓаше на Дијана.


This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton-pocest-na-diana-jpg.jpg

Принцезата Дијана ја носела истата нараквица додека била на турнеја во Хонг Конг со нејзиниот тогашен сопруг принцот Чарлс.
Нараквицата му била предадена на принцот Вилијам по смртта на Дијана, а тој подоцна и ја подарил на Кејт.
Кејт ја носеше бисерната нараквица неколку пати во изминатите неколку дена, а последен пат на ручек одржан за генералните гувернери на Комонвелтот во Бакингемската палата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …