(ФОТО) Кејт Мидлтон денес го слави 39. роденден: Прославата ќе биде поинаква од порано…

Војвотката од Кембриџ го слави својот 39-ти роденден во „локдаун“ со семејството.
Кејт Мидлтон ќе го прослави роденденот со семејството во Норфолк во нивната вила во Анмер Хол каде исто така го поминаа Божик, додека кралицата Елизабета Втора. одлучи да остане во замокот Виндзор, објавија британските медиуми.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


Роденденската забава најверојатно ќе биде приватна со сопругот Вилијам и нивните три деца – Џорџ (7), Шарлот (5) и Луис (2).
Војводата и војвотката од Кембриџ во пандемијата јавното делување го пренесоа во виртуелната сфера. Но, кога некои ограничувања беа привремено укинати, тие одржаа неколку настани и во живо.


Вилијам и Кејт беа на тридневна турнеја со Кралскиот воз низ Велика Британија во декември и им се заблагодарија на работниците на првата линија на фронтот за нивните напори да се борат против коронавирусот, но нивното патување беше критикувано од оние кои сметаа дека патувањето не требаше да се случи додека земјата бележи значаен број на случаи.

Фото: instagram.com/kensingtonroyal/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …