(ФОТО) Јадење од стоен леб со бешамел и спанаќ

Неретко ни останува леб кој се суши и навистина е греота да се фрли. Ви предлагаме стоениот и сув леб да го искористите за подготовка на едно вкусно јадење.

Потребно е:
стоен леб
брашно
млеко
путер
сол
Фил:
200 г жолто сирење
200 г бело сирење
2 јајца
350 г спанаќ
2 чена лук
сол, црн пипер
Подготовка:лебот исечете го на коцкички и наредете во намрсена огноотпорна тава.
Од брашно, путер и млеко направете бешамел (отприлика 50 г путер, 50 г брашно, 500 мл млеко). Бешамелот зачинете го со сол и црн пипер.
Додајте ги изматените јајца и ренданите сирења.
Сосот полијте го пореку наредениот леб и оставете лебот да впие, повремено притискајќи со дрвена лажица.
Сварениот и исечкан спанаќ издинстајте го на ситно сечкан лук и зачинете со сол и црн пипер.
Спанаќот малку измешајте го во смесата од бешамел и леб и се’ ставете во рерна загреана на 180 стпеени. Печете околу половина час.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …