(ФОТО) Ја знаеме од хит серија, минала вистински пекол и имала дури 16. операции

Иако се’ изгледало подобро, по неколку години, телото на актерката Сара Хајленд од серијата „Модерно семејство“ го одбило нејзиниот бубрег и таа морала повторно да оди под нож.


Глумицата Сара Хајленд (30) е добро позната по улогата на Хејли Данфи од серијата „Модерно семејство“, која гледачите ширум светот ја обожаваат поради нејзиниот лик на урнебесен карактер со намалена интелигенција. Во реалниот живот, Сара е сосема поинаква, и таа секако стои меѓу најхрабрите sвезди во Холивуд поради сето она што го поминала.
Глумицаа се бори уште од раѓање со дијагноза наречена дисплазија на бубрезите, што значи дека нејзините бубрези се недоволно развиени за да ја извршуваат својата функција во доволен степен. Поради се, во 2012 година, нејзиниот татко и подарил бубрег.


View this post on Instagram


A post shared by Sarah Hyland (@sarahhyland)


Во интервју за „Self”“, Сара открила дека времето на опоравување по трансплантацијата било исклучително тешко и дека смета дека тој период е период што ја зајакнал повеќе од било што друго. Иако се изгледало подобро, по неколку години, нејзиното тело го отфрлило бубрегот и морала да се врати под нож.
„Лекарите и јас се надевавме дека ќе го решиме проблемот со дијализа и со инсталирање на приклучок во градите со кој се прави дијализа. Сепак, беше потребен нов бубрег”, открила Сара.
По шест месеци открила дека нејзиниот брат Иан исто така бил соодветен донатор и дека овој пат тој и го дал својот бубрег. Оваа трансплантација и била многу полесна, како и нејзиното закрепнување, но таа морала повторно да оди во болница неколку месеци. Имено, и била дијагностицирана ендометриоза на матката и јајниците и морала итно да се оперира.

Набргу по таа операција, Сара морала да се оперира поради модринка што беше последица на претходните операции. Во своите 30 -ти години имала дури 16. операции, а извела повеќе од 10. додека ја снимала популарна серија.

Нејзините колеги едногласно ја карактеризираат како силна и храбра жена која е пример и инспирација за луѓето ширум светот. Освен нив, Сара наоѓа голема поддршка и во својот вереник Велс Адамс, со кого се запозна само неколку дена по втората трансплантација на бубрег.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …