(ФОТО) И’ ТОА Е ВОЗМОЖНО – Претседателот на Чиле казнет: Позирал за социјалните мрежи без маска

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинјера е казнет со 3.500 УСД поради неносење маска на јавно место.
Пинера бил казнет откако на социјалните мрежи се појавила фотографија на која позира со жена, а ниту еден од нив не носи маска.
Чиле има строги правила во врска со носењето маски, и тие се задолжителни на сите јавни места, а предвидени се и парични казни, како и затворски казни за непочитување.


Чилеанскиот претседател се извинил веднаш откако фотографијата започнала да кружи на социјалните мрежи. Тој објасни дека шетал на плажа недалеку од неговата куќа во градот Чачагва, кога една жена го препознала и го замолила да се слика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …