(ФОТО) И ПОНАТАМУ СЕ БАВИ СО КОМЕДИЈА – Како денес изгледа Роберт од серијата „Сите го сакаат Рејмонд“, актерот кој сите уживавме да го гледаме

Хумористичната серија „Сите го сакаат Рејмонд“ се снимаше од 1995 до 2005 година. Сите уживавме следејќи ги авантурите на семејството Бароне. Покрај Реј, неговата сопруга Дебра и родителите Дорис и Питер, се сеќаваме и на неговиот брат Роберт.
Него го играше Бредли Хенри Герстенфелд, попознат како Бред Гарет. Препознатлив е по длабокиот глас. Тој ја започна својата кариера во раните 1980-ти како стенд-ап комичар. Потоа имаше помали улоги во филмови, а славата ја стекна во споменатата серија.
„Го прочитав сценариото и сфатив дека сум способен да играм лик кој беше навикнат секогаш да биде на последното место. Роберт едноставно прифати дека тоа е неговата судбина. Како Дорис и Питер да имаа едно дете. Сценариото беше брилијантно напишано а режијата извонредна. Фил Розентал, кој работеше со Реј Романо, е гениј“, изјавил претходно Бред.

View this post on Instagram

A post shared by Brad Garrett (@bradgarrett)


Тој освои три Primetime Emmy награди. Тој сè уште прави стенд ап комедија. Сопственик е на „Brad Garrett’s Comedy Club“ во Лас Вегас, каде што редовно настапува.


View this post on Instagram

A post shared by Brad Garrett (@bradgarrett)


Тој беше оженет со актерката Џил Дивен, со која се запозна на снимањето на „Сите го сакаат Рејмонд“. Имаат син и ќерка. Тие се разведоа во 2007 година. По неа, тој започна да излегува со актерката ИсаБил Куел. Тие се венчаа во ноември 2021 година.
Во интервјуто кое го дал во 2015 година изјавил дека, за жал, има проблеми со алкохолизмот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …