(ФОТО) ХУМАНО СРЦЕ: Девојките, или The Chicks, направија фантастичен мини-концерт за Здружението на лица со церебрална парализа – Велес.

„Без збор, со многу љубов и ентузијазам, ја прифатија поканата да дојдат и да настапат, а радоста што ја донесоа на сите таму не се опишува со зборови. Секоја чест Девојки!
Daliborka пак, која долги години го води здружението, и има направено безброј работи за десетици од овие лица, ја заслужува секоја пофалба и почит!
Верувам, ќе даде Бог, наскоро ќе направиме неколку поголеми нешта и проекти заедно, па сите што ќе сакате да земете учество во тој благослов – следете нѐ со објавите. 😁
Јас навистина сѐ уште сум под импресија на атмосферата, пеењето и креативноста на сите таму, чудесии! ☺️
П.С. Сандра, иако не можеше да бидеш таму, ти беше клучна да се случи ова!“ беше споделено на Фејсбук за концертот на The Chicks, девојките кои со нетрпение ги очекуваме и во Скопје, на фестивалот „Андерфест“, првиот викенд од октомври.


Вечерва Девојките, или The Chicks (Monica и Natalija), направија фантастичен мини-концерт за Здружението на лица со…

Gepostet von Filip Ivanov am Samstag, 29. August 2020


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …