Храбрата српска водителка Деа Ѓурчевиќ, чија рака беше откината пред година и пол во тешка сообраќајна несреќа, при судир на два автобуса и три автомобили, покажа дека животот, без оглед на тешките работи што ни се случуваат, може да биде многу убав.
Водителката, која секојдневно буди храброст, мотивација и желба кај луѓето, потоа имаше полесен судир со друг автомобил, но во моментот кога излезе од својот автомобил, налета автобус и и’ ја откина раката. Лекарите успеале да и ја спасат раката, а Деа го воодушеви регионот со својата позитивност и упорност.
Во меѓувреме, таа реши да се омажи за својот долгогодишен партнер Младен Мијатовиќ и да се врати на малите екрани, а сега на Инстаграм ја прославила шестата сезона на емисијата. По тој повод, Деа се сликала во студиото во црн фустан, а позирала без завој на раката.
„Пред првпат да се појавам како репортер, бев волонтер во редакцијата (штотуку завршив факултет за политички науки), тогаш тие ги препознаа моите напори и започнав да работам на моето прво работно место. После две сезони напор, работејќи на себе и инвестирајќи во дополнително образование и пракса во Пинк телевизија, раководството на телевизијата, предводено од Жеjко Митровиќ, ми даде нова можност да напредувам. Станав водител на најгледаната утринска програма во Србија – водител на Ново утро. И таа бајка трае веќе четири сезони. Сакам да ви се заблагодарам што сте дел од семејството на Пинк и што и дадовте можност на една девојка да стане жената што сонуваше дека ќе биде. Ви благодарам“, напишала таа покрај фотографијата.