(ФОТО) Хакери и „ја умреле“ ќерката на Сузана Манчиќ!

Иако оваа година во животот на Сузана Манчиќ почнала обоена со светли тонови, за жал, втората половина ја одбележале малери поради кои познатата водителка секојдневно има стресови.
Да потсетиме, водителката во почетокот на летото се омажила за Симеон Оцомокис, после што продолжиле да уживаат во медениот месец, но потоа работите почнале да одат надолу, а Сузана на глас се прашува дали станува збор само за случајност.


View this post on Instagram

Ovo sam cekala, Rio de Janeiro, pogled sa Glave secera


A post shared by Suzana Mancic (@mancic.suzana) on


Имено, неодамна еден портал ја објавил веста дека нејзината ќерка загинала во Америка, поради што доживеала невиден шок, а ниту откако се уверила дека станува збор за лажни вести Манчиќ долго не можела да се смири. Потоа и се јавило неодминливото прашање поради што некој воопшто на нејзиното семејство би сакал да му напакости на таков начин.

Набргу, по сопствено признание, целата работа ја поврзала со хакирањето на нејзиниот мобилен телефон, поради што пред неколку месеци минала низ многу невољи, бидејќи лицето кое стои зад овој напад на нејзината приватност, ја продолжил преписката со деловните соработници, во нејзино име, па биле откажани многу претходно договорени соработки.

„Кога една таква информација ќе дојде во медиумите, за наводната смрт на ќерката, јасно е дека работата е крајно сериозна. Не смеам да тврдам дека сите тие ситуации се поврзани, но се сомневам дека би можело да биде така. Секако, хакирањето го пријавив во полиција, предадов изјава и сега е на обвинителството да одговори. Се надевам дека на крај нема да биде според онаа ’волкот го изеде магарето’“, за пожалила Сузана Манчиќ, со надеж дека сиот тој пекол наскоро ќе мине за да може да продолжи да ужива во првата година на брачниот живот.

View this post on Instagram

Neda je imala sta slaviti!

A post shared by Suzana Mancic (@mancic.suzana) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …