Сергеј Четковиќ и Јелена Томашевиќ кои решија да го напуштат шоуто поради несогласување со новите критериуми за избор на најмладите ѕвездички
Вечерва со почеток од 18:55, ексклузивно на Алфа ќе можете да ја погледнете првата емисија од петтата по ред сезона на најгледаното музичко шоу на Балканот.
Оваа година, на едно место ќе се претстават најдобрите меѓу најдобрите.
Шоуто кое четири сезони по ред на едно место ги собира најдобрите млади талнети, овој пат ќе ги соочи гласовните способности на најталентираните натпреварувачи од изминатите сезони. Меѓу нив е и нашата Антониа Гиговска.
По четири успешни сезони и неколку илјади децачиња и повеќе од 400. емисии, во петтата сезона ќе се натпреваруваат 36.те најдобри учесници.
Ексклузивно на Алфа, секој викенд, почнувајќи од денеска во 18:55 ќе имаме можност да ги видиме и слушнеме најголемите ѕвездички во изминатите сезони, а денеска ќе настапат: Валентина Меќ,Давид Радосавлевиќ, Томислав Миловановиќ, Ема Симоновиќ, Бојана Радовановиќ, Амна Алајбеговиќ, Теодора Тара Стојановиќ, Леонора Гаши, Вељко Чачиќ,Ирина Арсенијевиќ, Сергеј Пајиќ, Оавле Васиљевиќ и Валентина Мец.
Останатите – ќе се претстават во наредните емисии мешу кои се:Исидора Митиќ, Лена Стаменковиќ, Дуна Јеличиќ, Павле Васиљевиќ, Матеј Вукашиновиќ, Игор Лазаревиќ, нашата Антониа Гиговска, Дарија Врачевиќ, Нико Пуриќ, Урош Станковиќ, Жарко Прибаковиќ, Велика Чачиќ, Томислав Миловановиќ. Катарина Радуловиќ, Бојан Радовановиќ, Марина Станковиќ, Татјана Саватиќ, Комен Вуковиќ, Сергеј Пајиќ, Давид Марковиќ, Тодор Китановиќ, Теодора Марковиќ, Иван Димковски, Теодора Тара Стојановиќ, Љиљана Плавшиќ, Томислав Божовиќ, Петар Булатовиќ, Селма Бериша, Милица Илиќ, Никола Миленковиќ, Амне Алајбегоиќ, Леонора Гаши, Емин Симоновиќ и Ирина Арсениевиќ.
Но, може да се забележи дека ги нема сите најдобри како Мартија Станојковиќ и Трајче Ѓорѓиев, но веројатно тие се се согласиле повторно да учествуваат со оглед на тоа дека и двајцата си градат интернационална кариера.
И жирито претпре промени во оваа сезона. Од старото жири останаа Гоца Тржан, Милан Станковиќ и Леонтина Вукомановиќ, но не можеме да го заборавиме ниту Хари Варешановиќ кој се спротивставуваше на малтретирањето на дечињата од страна на продуцентите на шоуто кои со часови мораа да го чекаат гласањето – понекогаш и до 2 – 3 часот наутро.
На црвените столчиња годинава ќе седнат Наташа Беквалац и Кристина Коцкар која победи во претходната сезона на реалното шоу Задруга, на местото на Сергеј Четковиќ и Јелена Томашевиќ кои решија да го напуштат шоуто поради несогласување со новите критериуми за избор на најмладите ѕвездички.
Засилување доби и водителката Маријана Мичиќ, на која сега и се придружува и Ана Михајловски.