(ФОТО) ГОЛЕМА РАЗЛИКА – ВАКА МИНАТАТА ГОДИНА ИЗГЛЕДАЛО НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Денес тоа изгледа сосема поинаку – коронате се’ фрлила на колена!

Коронавирусот авиокомпаниите ширум светот ги фрли на колена, принудувајќи ги да ги приземјат авионите и да укинат десетици илјади работни места за да се подготват за значително различен пазар на патувања во следните три години.
Корона кризата најтешко ги погоди компаниите со низок буџет „Easy Jet“, „Jet2“, „Pegasus“, „Ryanair“, „Wizz Air“ и други.
Поради пандемијата, најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ во април забележа пад на бројот на патници за 99,6 проценти, а исто поминале и другите превозници.


Ситуацијата не е значително променета, што е потврдено од графиките објавени од Flightradar24.com. Имено, на овој ден минатата година во 15. часот, над Европа летале 704 авиони, додека денес имало само 27.
Слично било и на другите континенти.

Сепак, многу компании продолжуваат да работат, а воздушниот сообраќај полека се враќа на стариот начин, меѓутоа, економските последици ќе бидат големи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …