(ФОТО) Годините се само бројка: Џулија Робертс покажала совршена фигура во кус фустан

Дека годините не и можат ништо славната глумица покажала облекувајќи аутфит за кој ретко би се одлучиле и 20. годишни.
Џулија била една од домаќинките на доделувањето на музичките награди „Vanguard Award at the ASCAP“ во Лос Ангелес, каде и самата доделила неколку награди за достигнувања на младите музичари.
За таа пригода 51. годишната глумица облекла кус фустан со цветен принт кој ги истакнал нејзините вити нозе, а додадениот сребрен каиш дополнително го истакнал нејзиниот струк.


Кога станува збор за мејкапот и фризурата, Џулија веќе некое време ја одржува лоб должината, а мејкап користи во минималистички нијанси.
Инаку, фустанот на глумицата го потпишува модната куќа „Живанши“, а цената е отприлика 2.400 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …