(ФОТО) Глумицата се сликала гола и со драматичниот изглед го шокирала светот:„Сеуште чекам резултати…“

Џени Молен, сопруга на американскиот глумец Џејсон Бигс, ѕвезда на серијалот „Американска пита“, со своите следбеници на Инстаграм споделила дека има голем здравствен проблем.
Американската глумица Џени Молен направила разголена фотографија пред огледало сакајќи да укаже на здравствените проблеми за кои до неодамна не била свесна.
„Не знам како да го објаснам својот слаб изглед. Не мислев дека нешто е лошо се’ до минатиот петок кога на вратот ми се јави испапчување, поради што морав да одам на лекар. Сеуште ги чекам резултатите од испитувањето на крвта, но мојот лекар мисли дека станува збор за Гравесова болест“, напишала Молен.


Џени во продолжување објаснила дека многу медиуми пишувале дека е болна од анорексија, со оглед на тоа дека после породувањето многу бргу ослабнала, но најверојатно станува збор за пореметување на тироидата.
„Ако неодамна сте се породиле и многу сте ослабнале во кусо време и имате чувство дека сте на кокаин, косата ви паѓа и мислите дека вашиот сопруг е идиот можеби за се е виновна вашата штитна жлезда. Проверете ја“, предупредила на крајот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …