(ФОТО) ГЛАСИНИ НЕ СТИВНУВААТ – Луѓето забележале една работа за наводната љубовница на принцот Вилијам: Како да и е сестра на Кејт

Расправиите меѓу принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон по обвинувањата за неговото неверство станале се почести и погласни.
Првите наводи за неверството на Вилијам се појавија во 2019 година, кога напишаа дека тој ја изневерил бремената Кејт со Сара Роуз Ханбери, која е блиска до кралското семејство.

Британските медиуми сега пишуваат дека веќе некое време тајно се гледаат, па и Денот на вљубените заедно го поминале уживајќи на вечера во ресторан.
Гласините за неверството на принцот уште повеќе ги подгреало тоа што Роуз повеќе не се гледало со кралското семејство, додека претходно често поминуваа време заедно.


Извори блиски до Вилијам и Кејт тврдат дека парот во последно време не само што се кара, туку и си фрлале работи еден на друг.
Исто така, корисниците на социјалните мрежи забележале дека Роуз неодоливо потсетува на Кејт.
„Леле Роуз Ханбери е убавица. Смешно како луѓето имаат типови на жени”, „Исти ми се”, „Сини очи, кафена коса. Многу личат”, „Кејт е како нејзината сестра”, се некои на коментарите.

Освен тоа, во последно време не се појавуваат заедно на настани, што не беше случај порано. Некои британски медиуми дури наведуваат дека Кејт привремено го напуштила Лондон поради се што се случува во нејзиниот брак.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …