(ФОТО) ГИ ОТКРИЛ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ – ОВА Е НАЈЛОШОТО ШТО МОЖЕ ДА И ГО НАПРАВИ МАЈКАТА НА ЌЕРКАТА! Познатиот руски психолог БРУТАЛНО ги навредил родителите: Еве што им прават на девојчињата!

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски привлекува големо внимание со своите интересни и остри ставови. Посебно се занимава со женските прашања, а често се занимава и со прашањето на воспитувањето на децата.
Михаил Лабковски смета дека постапките на мајката кон нејзините ќерки можат да имаат големи последици за нив.

This image has an empty alt attribute; its file name is mihail-labkovski.jpg


– Статистички, жените се жртви најчесто во семејствата. Не ми се допаѓа идејата дека жените се пасивни и самопожртвувани по природа. Всушност, постојат општествени корени, норми, но и родителски реченици кои буквално закопуваат девојка, а подоцна и жена:

„Ти си девојка, девојките не се караат“.


„Сочувај го образот, молчи, биди над него…“

„Жената мора да умее да трпи“ – и други глупости.


За жал, многу мајки сè уште ги воспитуваат своите ќерки на овој начин. Но, се случува и мајката да и каже на ќерката: „Биди силна“, „треба да се залагаш за себе“ или „ништо не те ограничува“, додека во исто време мајката го живее животот како типична жртва.
Секако, најлошото нешто што една мајка може да му го направи на своето дете е да седне по расправија со татко и и да каже „види што ми направи татко ти!“

Ова не смее да се случи! Вашето дете не треба да ви биде терапевт!⠀

This image has an empty alt attribute; its file name is mihail-labkovski-2.jpg

Патем, да се осврнам на популарната фраза: „Го трпав само заради децата“ – Драга жено, колку повеќе го трпиш и поднесуваш, толку посилно формираш жртва кај твоите деца!⠀
Ако сакате да направите нешто важно за вашето дете – оставете го тиранинот! Подобро би било децата да живеат под кирија, на село или да трпат сиромаштија, отколку да гледаат како татко им ја злоставува мајка им или нивните родители се расправаат секој ден.

Еден мој пријател сака да каже: „Сè уште не е сè решено! Секогаш можете да почнете да живеете поинаку“.

Проблемот е главата, а не мажот, газдата, економската ситуација или бог знае што! И само вие можете да го направите првиот чекор! – рекол психологот.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …