(ФОТО) ГИ НАСМЕАЛ ФАНОВИТЕ: Рајан Рејнолдс на сопругата и го честитал роденденот со „смешни“ фотографии!

 По повод 32. роденден на атрактивната глумица, нејзиниот сопруг и ѕвезда на „Green Lanterna“, Рајан Рејнолдс, објавил низа несекојдневни фотографии од Блејк Лавли…
И’ птиците на гранките знаат дека актерскиот пар Блејк Лавли (32) и Рајан Рејнолдс (42) неретко знаат да се шегуваат на своја сметка и така добро да ги насмеат своите обожаватели. Русокосата глумица и ѕвезда на серијата „Озборувачка“ во неделата го прославила 32. роденден а по тој повод нејзиниот сопруг објавил низа фотографии на кои Лавли направила некој смешен израз на лицето, гримаса или пак трепнала.

 


View this post on Instagram


Happy Birthday, @blakelively.

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on



„Среќен роденден“, напишал Рајан под фотографијата и ги воодушевил бројните фанови.

 

„Блејк е природна убавица. Не може да излезе лошо на фотографија“, се само некои од коментарите. Инаку, брачниот пар во мај потврдил дека го очекуваат третото дете, а среќните вести со јавноста ги споделиле на премиерата на новиот филм на Рајан, „Покемон детектив Пикачу“, на 2. мај во Њујорк.

 


Сепак, Блејк не открила во кој месец на бременост е. Парот ги има ќерките Инез (2) и Џејмс (4), а се запознале во 2010. година на снимањето на филмот „Зелена лантерна“, но тогаш и двајцата биле во врска. Блејк била со Пен Багли (31), колега од „Озборувачка“, со кој и во серијата имала љубовен однос,а Рајан бил во брак со моментално најплатената глумица Скарлет Јохансон (33).


По запознавањето се спријателиле и останале во контакт. Една година потоа и двајцата прекинале со тогашните партнери, но набргу пронашле и нови. Отишле на „двоен состанок“ кој се одвивал поинаку од планираното – Рајан и Блејк се вљубиле еден во друг.


„Тогаш бевме пријатели и беше многу смешно што се најдовме на заедничка вечера, таа со друг маж а јас со друга жена. Покрај нас имаше искри и покрај околностите и тоа беше еден многу чуден состанок“, рекол Рејнолдс.
Откако се заедно константно си прават шеги и еден на друг си задаваат „ѓаволести удари“ на социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …