(ФОТО Галерија) НОВ ДОМ – Во овој луксуз од 14,6 милиони долари живеат Меган и Хари: Базени, детско игралиште, камин,лозја во Санта Барбара

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се преселиле во нова куќа во Санта Барбара, скап крајбрежен град во близина на Лос Ангелес, Калифорнија, јавуваат американските медиуми.
За оваа луксузна вила со имот издвоиле 14,65 милиони долари.


Војводата и војвотката од Сасекс, кои официјално престанаа да бидат активни членови на британското кралско семејство во април, досега живееле во Лос Ангелес, родниот град на Меган, каде што, набргу по преселбата, биле малтретирани од папараците.



Двојката поднесе тужба во која обвинува некои од нив дека го сликале нивниот мал син Арчи во градината против нивната волја.

Двојката „се преселила во нивниот семеен дом во јули“ и „се населиле во мирна интимност на нивното соседство“, изјавил портпаролот без да ја потврди адресата на нивната нова резиденција.


Тој додал дека парот се надева дека ова ќе се почитува, за доброто на соседите и самите нив како семејство.

Триесет и петгодишниот принц Хари во повеќе наврати го осудуваше медиумскиот притисок врз неговото семејство, наведувајќи го како главна причина за повлекување од активното учество во британското кралско семејство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …