(ФОТО) Ендрју Гарфилд ги шокирал обожавателите: „Одам малку да се одморам, сакам да бидам обичен човек“

АКТЕРОТ Ендрју Гарфилд ги шокирал фановите со својата неодамнешна изјава. Имено, ѕвездата на „Спајдермен“ објавил дека го напушта Холивуд и ќе паузира од актерството.
„Одам малку да се одморам. Треба повторно да се калибрирам, да преиспитам што сакам да правам следно, кој сакам да бидам и само сакам да бидам обичен човек некое време“, изјавил Гарфилд за Variety. Актерот исто така навестил дека претходната сезона на доделувањето на наградите му била малку заморна, нарекувајќи ја „машина за перење“ и додава дека „некое време мора да биде малку обичен“.
Гарфилд се појави во блокбастерот „Spider-Man: No Way Home“ минатата година и доби номинација за Оскар во 2022 година за „Tick, Tick … Boom!“. Тој глумеше и во серијата „Under the Banner of Heaven“, чија премиера е денес. Актерот неодамна изјави дека „не планира да ја повтори улогата на познатиот суперхерој“, и покрај успехот на последното филмско продолжение.

View this post on Instagram

A post shared by Variety (@variety)


Неговата следна улога требаше да биде во адаптацијата на БиБиСи на Brideshead Revisited со Кејт Бланшет, Ралф Фајнс и Руни Маро во главните улоги, но режисерот на серијата Лука Гвадањино открил дека проектот е одложен до понатамошно известување.


Неодамна раскинал со манекенката Алиса Милер
Непосредно пред доделувањето на Оскарите, странските медиуми објавија дека тој ја раскинал љубовната врска со манекенката Алиса Милер. Гарфилд минатиот месец дојде сам на Оскарите и на тој начин ги поттикна гласините за раскинување, а парот наводно решил пријателски да се раздели.


„Ендрју и Алиса беа навистина прекрасен пар и работите одеа одлично. Тие беа заедно некое време пред да излезат во јавност, но поради напорниот работен распоред ретко се гледаа. Згора на тоа, стана јасно дека меѓу нив има некои разлики и одлучиле дека е подобро да се разделат, барем засега“, рекол извор близок на парот, додавајќи дека тие се оддалечиле за време на неговото снимање на „Nightcrawler“.
„Работите беа навистина добри меѓу нив додека не мораше да замине во Лос Анџелес за да го сними филмот Nightcrawler. Тогаш растојанието навистина ги погоди“, додал изворот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …