(ФОТО) ЕКОЛОШКИ – Рециклираат пластични шишиња и прават врвни автомобили!

„Волво“ го претставил својот прв електричен теренец, чија продажба почнува следната година
За производство на одредени делови, како што се облоги на врати и под, „Волво“ користел 97% пластиката добиена со рециклирање пластични шишиња за својот нов модел “XC40 Richards”!


Новиот автомобил е првиот целосно електричен теренец на оваа компанија, чија продажба ќе започне прво во Велика Британија во пролетта 2021. година, а потоа и во други земји.
Овој автомобил има два електрични мотори со вкупна моќност од 408 КС. Ова гарантира забрзување од 0 до 100 километри на час за околу пет секунди, максималната брзина не е објавена, но се знае дека од неодамна, сите автомобили на „Волво“ имаат фабрички инсталирано ограничување на брзината од 180 км на час.



Кај електричните автомобили, и понатаму е многу важна одредница за автономија со едно полнење на батеријата. Според фабричките податоци, опсегот на овој теренец е околу 400. километри. Во исто време, батеријата на брзи полначи може да наполни до 80 проценти од капацитетот за „само” 40 минути.


Разбирливо е дека нивото на безбедност на овој автомобил е највисоко, бидејќи му одговара на „Волво“. Дури и во фабриката, тврдат дека благодарение на новата структурна употреба на високо квалитетни челици, овој SUV е најбезбедно возило во светот во својата класа.



Инсталирани се сите напредни системи за помош на возачот, како и системот за инфозабава „Гугл-Андриод“ за прв пат. Цената ќе биде околу 60.000 евра.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …