(ФОТО) Еден од најдобрите филмови во 2016. ќе стане телевизиска серија

Исчезнатата порно глумица и двајца приватни детективи кои случајно влетале во случајот – дејствието на филмот „Добри момци“ заинтересирала битни луѓе во Холивуд па тој филм сега станува серија…
Продуцентот Џоел Силвер развива нова серија на основа на филмот кој го продуцирал во 2016. година. Станува збор за делото „Добри дечки“, кој го режирал Шејн Блек а главните улоги ги презеле Расел Кроу и Рајан Гослинг.
Филмот се врти околу исчезнатата порно глумица и двајца приватни детективи кои сосема случајно влетале во тој случај. Како и што обично бива, ништо не е како што се чини и вистински негативец е лицето кое дотогаш не го сметавме за сомнително. Иако филмот добил одлични критики и имал многу интересна медиска кампања, не успеал да ја привлече публиката во кино салите.
Така на пресметката од 50. милиони долари на студиото во касата му вратил само 62. милиони бруто заработувачка.Јасно, после одбивањето на разните даноци и такси за студиото останало многу малку.Сепак, приказната за детективите од седумдесеттите очигледно заинтересирал луѓе со доволно пари да финансираат серија, па така ќе добиеме уште една серија снимена според филм.
Но, бидејќи живееме во ерата кога ништо не може да биде „само преправено“ туку мора да се додаде и „интересен“ детал, така детективите ќе станат детективки. Покрај сето тоа, сосема е можно дејствието да се премести во денешно време. Не ни е ниту малку јасно на кој начин тогаш тоа ќе биде серија работена според филм, но да се сфати како функционира холивудски мозок е сепак нешто за луѓето од медицинската професија.
Иако е во прашање тема која е обработена веќе навистина премногу пати, серијата ќе се снима…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …