Викендов не очекува невообичено студен бран: Снежна покривка и до 30. сантиметри

Подгответе се за вистински зимски темпертури…и снег…

Утре (06.10.2017) времето во државава ќе биде сончево и топло преку денот со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет. Навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец.
Исто така доцна попладнето и вечерта од север и од запад облачноста ќе започне да се зголемува и токму во овие предели ќе има локални врнежи од дожд. Ноќта, петок кон сабота врнежите ќе се шират и ќе ги има насекаде во државата и на места ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат до околу па и над 20 л/м2 воден талог. Врнежите продолжуваат и во денот сабота а мора да се напомене дека ќе има услови и за ретки грмежи особено во западните и во југозападните предели на државава.
Поради спуштање на многу студен воздух од север кој е невообичаен за овој дел од годината на планините врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на снежна покривка. Снежната граница особено во северните и во северозападните предели на државава можно е да се спушти до околу па дури и под 1500 м.н.в.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на нагло и големо опаѓање (дури за околу 15. степени) па така утре (петок) максимумот на температурите на воздухот ќе се искачат во интервалот од 21. до 27. степени додека во денот сабота истите ќе се искачат во интервалот само од 6. до 14. степени во најтоплите региони од државава.
Моќниот студен фронт и невообичаено студениот воздух од север овој викенд како што беше најавено ќе услови снежни врнежи на планините од околу 1.500 м.н.в па нагоре. Сепак послаби врнежи од снег можни се и на планините дури и под 1.500 м.н.в особено во северните и во северозападните предели на државата.
Исто така во северните и во северозападните високи планински места (над 2.000 метри) се очекува формирање на позначителна снежна покривка па така очекуваната снежна покривка е од 20. до 30. цм а планинските места од околу и над 2.500 м.н.в снежната покривка можно е да достигне дури и над 30. см. Како што веќе беше најавено ова особено се однесува на планинските места од северните и од северозападните предели на државата. Секако снег ќе може да се види и останатите повисоки планини од над 1.800 м.н.в., најавуваат од meteomax.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …