(ФОТО) Џон Траволта драстично го променил имиџот: Нова улога или фрлање на периката?

Џон Траволта во 2019. година влегол со сосема поинаков изглед
Глумецот на Инстаграм првпат ја покажал избричената глава.
„Се надевам дека сите се забавуваа за Нова година“, напишал Траволта покрај фотографијата на која позира со 18. годишната ќерка Ела Блу.


View this post on Instagram

I hope everyone had a great New Year!


A post shared by John Travolta (@johntravolta) on


Траволта не открил дали за неговиот нив имиџ е заслужна нова улога или само одлучил да испроба нешто „поопасен„ имиџ, но се чини дека промената им се допаѓа на овожавателите.
„Одлично изгледаш“, „Многу ми се допаѓа новит имиџ“, „Супер изгледаш ќелав“, „Баш добри ти стои избричана глава“, му порачале обожавателите.

Инаку, светските медиуми веќе некое време пишуваат за тоа дека Траволта, наводно, последните години носи перика, но тој тоа никогаш не го потврдил. Сепак, некои од фановите се осврнале и на таа тематика.

„Ова ти е многу подобро од перика“, „Знаев дека носиш перика но ова ти е супер, имаш среќа добро да изгледаш ќелав“, му порачале некои.
на Травиолта уште од филмот „Брилијантин“ косата му била заштитен знак, но се чини дека нејзиниот недостаток нема да му нашкоди на кариерата.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …