(ФОТО) ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ СЕ ОБРУКА КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА: Брзоплетост го направи непријател број 1. на Србија!

Македонскиот пејач кој се прослави во шоу програмата „Икс фактор“ каде и победи, а подоцна стана и еден од учесниците на третата сезона на ТЛЗП (Твоето лице Звучи Познато) и’ годинава учествува во истото шоу…
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски го покажа со рацете симболот на голема Албанија во центарот на Белград на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“! Пејачот пред излегување на сцена со рацете го направил злогласниот симбол и така им позирал на фото репортерите со што ја испровоцирал цела Србија.
Работата да биде полоша,  Кајмакоски стана познат и кариерата ја направи токму во Србија. За него веројатно никој немаше да чуе доколку во 2014. година не победи во српската веријиа на Икс фактор. Тогаш ментор му беше Жељко Јоксимовиќ, кој со него сними и дует.
Даниел сега и се „заблагодари“ на Србија, покажувајќи го злогласниот симбол на голема Албанија.
Меѓутоа во продукциската куќа Емоушн, која го продуцира ТЛЗП, велат дека не гледаат ништо спорно во потегот на Кајмакоски.
„Нашите шоу програми се од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да помислевме дека овде станува збор за тоа, веднаш ќе реагиравме, како што порано сме правеле“, порачува сопственикот на „Емоушн“, Горан Стаменковиќ.
Кајмакоски за Информер тврди дека не знаел дека со рацете го покажува албанскиот симбол.
„Им ги покажував на фотографите своите намачкани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради се“, изјавил Кајмакоски.
Неговата поза наиде на негативни коментари од страна на сите граѓани на Србија, кои сигурно во идните изданија на споменатото шоу нема да му дадат ниту еден глас…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …