(ФОТО) Човекот кој спасил бебе на мигранти открива:„Не знаев дали е живо!“

Херојот на денот се вика Хуан Франциско Ваје (41). Тој е член на поморската служба на Цивилната гарда кој извади мало бебе од морето, дете на еден од мигрантите кој се обиде да влезе во Шпанија од Мароко. Фотографија на која држи бебе над водата додека се обидува да ја однесе на сигурно го обиколи светот.
„Тоа беше целосно мокро и бледо. Искрено, не знаев дали е жива или мртва. Само помислив како да стигнам на брегот што е можно побрзо, си реков: ‘Побрзо, побрзо’ и ‘издржи’“, рекол Хуан Франциско.
За среќа, тој успеал да го спаси бебето, кое според шпанските медиуми е старо само два месеци. Како што рекол, тој бил многу среќен кога навреме ја видел мајката со бебето во морето.
„Тројцата бевме во вода, им помагавме на разни луѓе. Видов жена како го стега својот појас за спасување. Ја видов како носи нешто на рамото. Отпрвин мислев дека е ранец, а потоа сфатив дека е бебе“, рекол Хуан.


Сфатил дека нема време за чекање. Тој и еден колега започнале да пливаат брзо кон нив.
„Го зграбив детето, а еден колега и помогна на мајката“, опишал тој.
Да потсетиме, масовното пристигнување на мигрантите во Сеута започнало во понеделникот, а продолжило во вторникот, иако во помал број, поради зголемената контрола на шпанската страна на границата, каде биле распоредени полицијата и армијата. Доцна во вторникот, по билатералните средби на високо ниво, мароканските сили започнале да ја контролираат границата и да запираат групи мигранти.

Шпанската армија пристигна пред мал граничен премин во вторникот наутро, каде жичена ограда ги дели Шпанија и Мароко во Северна Африка. Четири оклопни возила биле паркирани пред оградата, додека десетици мигранти сè уште пливале обидувајќи се да стигнат до шпанското копно. Чамците на Цивилната гарда се обиделе да ги одвратат од тоа. Некои мигранти дури користеле гумени детски ремени на надувување за да преминат неколку стотици метри море.
„Меѓу нив има многу жени и деца, цели семејства се тука“, изјавила портпаролката на Црвениот крст.
Фотографиите од овие шокантни сцени, на кои се гледа како деца и неколку истоштени мигранти лежат на плажа додека лекарите им помагаат, го обиколија светот.

Фото: Принтскрин/twitter.com/eugenioambrosi

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …