(ФОТО) „Букирајте го 14.јули“ за Охрид: Доаѓа оригиналниот и неприкосновен Масимо Савиќ!

Средбата со маестралниот Масимо Савиќ е закажана за 14. јули 2018. година во античкиот театар во Охрид…
Кога се супер вокалите во прашање, „Авалон“ оди понатаму!
Пред да имаме можност да уживаме во настапот на најдобриот италијански пејач на светот ZUCCHERO во Охрид на 25.тти јули на Античкиот театар, се погрижија, некаде на отворањето на туристичката сезона да имаме задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Масимо.
Се разбира, за неговиот беспрекорен перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар- совршеното место за ваков тип на концерти, на 14.ти јули.
Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“ …
Концертот на Масимо во Охрид е, освен традиционални спонзори на „Авалон“ за оваа година, помогнат и со покровителство на општина Охрид.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …