(ФОТО) Брижит Макрон покажала како се носи „гол фустан“

Брижит и Емануел Макрон неодамна биле домаќини на германската канцеларка Ангела Меркел во замок во југоисточна Франција. Во таа пригода, Брижит покажала како се носи славниот „гол фустан“
Ангела Меркел го посетила францускиот претседател на разговори за зајакнување на врските меѓу Германија и Франција, како и голем број на тековни европски и меѓународни прашања. Првата жена на Германија и Европа ја поздрави и првата дама на Франција, Брижит Макрон, но од задолжително растојание, како што се бара од сегашната состојба.


И’ во оваа прилика, Брижит се придржувала до докажаниот моден рецепт и француските шик класики.
Омиленото крој на фустан на француската прва дама овој пат беше во нуде нијанси со токи околу половината. Тоа на овој краток модел му дало уште подобра форма и рамниот крој го направил струкиран.


Класичниот елегантен фустан со кратки ракави Брижит го спарила со вонвременските женски салонки на тенка пета на модната куќа Луи Витон, исто така во нуде нијанси.

Ова модно издание на Брижит Макрон е без сомнение најдобриот доказ дека дури и првите дами можат да носат „гол“ фустан, односно фустан во боја на кожа, кога се носи со стил и кога е избран соодветниот крој и материјал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …