(ФОТО) Бригит Нилсен открива како станала мајка на 55. години!

“Замрзнав јајни клетки во 40-тите, а само 14 години подоцна се породив. Вештачкото оплодување за мене беше долг пат. Сакам да им објаснам на жените дека сè е можно, но дека тие мора да бидат реални. Имаше големо разочарување“, вели актерката Нилсен

Данскиот модел и актерка Бригит Нилсен, минатиот месец на возраст од 55 години, го доби петтото дете, девојчето Фрида, со 15. години помладиот сопруг Матиа Деси (39). На парот кој е во брак 12. години ова им е првото заедничко дете.Бригит, во интервју за магазинот People, открила дека се обидувала да забремени повеќе од десет години.
„Задоволен сум што конечно ја имам принцезата во рацете”, рекла Нилсен. Таа додала дека ин витро оплодувањето е емотивно исцрпувачко искуство, но сигурно вреди.


„Медицински помагано оплодување за мене беше долг пат. Сакам да им објаснам на жените дека сè е можно, но дека тие мора да бидат реални. Имаше многу големи разочарувања”, рекла искрената актерка. Освен Фрида, од претходните бракови ги има синови Раул Мајер Јуниор (23), Даглас Мејер (25), Килиан Нилсен (28) и Џулијана Виндинг (34).


Our precious little Frida, our true love. ❤️

A post shared by Brigitte Nielsen (@realbrigittenielsen) on

Бригит знаел, како што вели дека сака да замрзне јајни клетки уште на 40-годишна возраст, кога го запознала нејзиниот сегашен сопруг. Лекарите, од своја страна, тврделе дека имаат само 3 до 4% шанса дека ќе остане бремена со сопствената јајна клетка.
„Агонијата траеше скоро 14 години, и потрошив многу пари, но не ми е жал”, вели Нилсен. Таа додава дека не се плашела од ништо, бидејќи таа била доволно храбра да биде повторно мајка.

you'll be a great papà ❤️ Ti amo 💋 #fathersday #daddy #love #family

A post shared by Brigitte Nielsen (@realbrigittenielsen) on

Породувањето во приватна американска клиника минало без никакви компликации, а се породила со царски рез.
„Мојата ќерка е здрава и прекрасна. Имам сè што можев да посакам, а мојот сопруг и јас никогаш не сме биле повеќе вљубени”, рекла таа. Двојката се запознала во 2003. година, а три години подоцна се венчале во Малта. Освен што е 15. години помлад, Матија е околу 15. сантиметри понизок од 185. сантиметри високата сопруга.

Кога пред неколку месеци ја објавила својата бременост, Нилсен се нашла на мета на критики. Во 2008. година, актерката завршила во клиниката за одвикнување од алкохол, а во 2012. година папараците ја уловиле какао се пијанчи во парк во Лос Ангелес.

Данката, која е позната по нејзините улогаи во филмовите „Црвената Соња” и „Роки VI”, била во двегодишен брак со актерот Силвестер Сталоне (71), од кого се развела во 1987. година. Освен него, се омажила за композиторот Каспер Виндинг (62), фотографот Себастијан Коупленд (54) и актерот Раул Мејер (58).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …