(ФОТО) Близнаци а немаат ист татко: Жена во исто време била бремена од двајца мажи!

Чудесните близнаци го прославиле првиот роденден…
Сајмон и Греам Берни-Едвардс, брачен пар, долго мечателе да имаат деца, а единствена можност да им се оствари желбата била со помош на сурогат мајка.
Но, неверојатниот напредок во медицината им овозможил дури и’ многу повеќе од она на што се надевале. Имено, Мег Стоун, сурогат мајката што ја избрале, била времена со двајцата во исто време.


Gepostet von Simon Berney-Edwards am Samstag, 20. Oktober 2018

Бидејќи во Велика Британија не се спроведуваат третмани во кои во исто време се вградуваат два ембриони оплодени со сперма од различни татковци, својата среќа ја побарале во Канада.
„Не можевме да одлучиме кој ќе биде биолошки татко. Греам рече дека тоа би требало да бидам јас, а јас мислев дека тој има еднакво право на тоа. Тогаш во клиниката ни рекое дека и двајцата можеме да бидеме татковци. Ни рекое дека би можеле да имаме половина ембриони оплодени со моја сперма и половина оплодени со сперма од Греам“, раскажал Сајмон за оваа необична идеја.
И биле поддршка на Мег за време на цела бременост па не чуди што одлучиле да бидат покрај неа и за време на породувањето.
„Тоа беше неверојатно искуство. Греам цело време ја држеше Мег за рака, а покрај неа бевме и нејзината мајка и јас“, раскажал Сајмон за Daily Mail.
Александра на која биолошки татко и е Сајмон се родила прва, а неколку минути подоцна пристигнал и Салдер чиј татко е Греам.


Gepostet von Simon Berney-Edwards am Dienstag, 26. Juni 2018


Близнаците неодамна го прославиле и својот прв роденден, а на прославата била и Мег.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …