(ФОТО) Бившиот ја полил со киселина, и таа се молела само за едно

Ужасен случај пред шест години ја потресе Италија. Гесика Нотаро, италијанскиот модел и водителка тогаш завршила во болницата откако поранешното момче ја полило со киселина.
Поранешното момче младата убавица ја чекал пред нејзиниот дом, а киселината ја изгорела на лицето, нозете и колковите.
Братот на Гесика извршил самоубиство во 2011 година, а на годишнината од неговата смрт нејзиното поранешно момче го извршило овој ужасен потег.

Тие се запознале на работа и биле во тригодишна врска, а Гесика наскоро ја забележала неговата агресивна страна и веднаш раскинала со Едсон Таварес.



Таа била гостинка во шоуто на Маурицио Костанза за да ја сподели својата трауматска приказна.

– Сакам да видите што ми направи. Тоа не е љубов “, рекла тогаш Гесика.
Таа два месеци поминала во строги услови на болничко лекување. Гесика го молела Бога, вели, да ја зела нејзината убавина, а да и го остави видот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Прес конференција на Струшки вечери на поезијата

На 27 март 2025 година, Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат почетокот на својот …