(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на братот
Ештон Качер е дефинитивно еден од омилените актери на денешницата, и иако не сака да зборува за неговиот приватен живот, малку е познато дека има брат близнак, кој страда од церебрална парализа.
Мајкл е роден пет минути по неговиот славен брат, и тоа било изненадување за нивните родители, кои не знаеле дека чекаат близнаци се до нивното раѓање. Помладиот близнак бил толку лошо што лекарите мислеле дека нема да преживее, но тој им го докажал спротивното. Сепак, не траело долго, кога родителите забележале дека Мајкл не е доволно развиен колку Ештон.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Kutcher (@mkutch)


Многу брзо сфатиле дека помладиот Качер страда од церебрална парализа. Неколку години подоцна, Мајкл одеднаш мораше да оди на трансплантација на срце. Ештон бил толку заштитнички настроен кон Мајкл, што дури сакал да му биде донатор во првите 48 часа. Тој сакал да стави крај на својот живот, за да го спаси животот на братот. За среќа, тие пронашле донатор и оттогаш браќата се неразделни.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk)

Фактот дека можел да го изгуби својот брат толку многу го погодил Ештон, што во 1996 година се запишал на биохемиско инженерство со намера да најде лек за церебрална парализа за да му помогне на својот брат. Сепак, животот го однел во спротивна насока. На предлог на пријател влегол во натпревар за модели и потоа се преселил во Лос Анџелес за да започне да глуми. Тој сè уште живее во овој град со неговата сопруга Мило Кунис и нивните деца.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …