(ФОТО) Авганистанката се породила во воен авион по слетувањето во американска база во Германија

Првите летови за евакуација од Кабул до американската база Рамштајн во Германија започнаа во петокот доцна навечер, а таму веќе пристигнаа повеќе од 2.000 бегалци.
Авганистанка се породила во авион
Американската војска објави на Твитер дека бремена жена од Аванистан, која била во транспортен авион, се породила веднаш по слетувањето во базата Рамштајн. Објавени беа и фотографии од излегување од авионот.


Тие велат дека добила породилни болки за време на вториот дел од летот од Кабул, од базата на Блискиот Исток, не наведуваат која, се’ до Германија.
Американските воздухопловни сили раскажале дека имало компликации додека авионот летал на 8534 метри надморска височина поради помалиот воздушен притисок во авионот. Но, бидејќи на бремената жена и се слошило, пилотот отишол пониско за да го зголеми притисокот во воздухот и со тоа и го спасил животот, пренесува Си -Ен -Ен.
По слетувањето, медицинскиот персонал од воздухопловната база помогнал при породувањето во товарниот простор на авионот.
Мајката и бебето се добро.
Ќе можат да примат околу 10.000 бегалци
Американската база Рамштајн моментално може да прими 5.000 бегалци, а места ќе се направат за уште 5.000 во следните недели.
Сите ќе бидат прегледани од лекар по пристигнувањето, и само после тоа ќе се изврши нивната регистрација.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни препораки – Овие додатоци во исхраната и витамини придонесуваат за процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата дневна рутина

Во процесот на слабеење, клучно е да ја прилагодите вашата исхрана за да се обезбеди …