(ФОТО) Антонио Бандерас го победил корона вирусот со фудбалски шут!

Коронавирусот му беше дијагностициран на денот кога го прослави својот 60-ти роденден…
Антонио Бандерас,преку социјалните медиуми, ги извести јавноста и своите обожаватели дека по три недели бил негативен на Ковид-19.
Коронавирусот му беше дијагностициран на денот кога го прослави 60-тиот роденден.
Актерот исто така напиша дека ги има на ум сите оние кои немале толку среќа како него и претрпеле повеќе од него заради новиот вирус што го парализирал целиот свет за кратко време.


Инаку, Бандерас,на почетокот на оваа година, започна со снимањето на филмот „Официјален натпревар“ во Мадрид , во кој негова партнерка е Пенелопе Круз (Круз), но снимањето беше запрено поради глобалната пандемија.
Актерот Антонио Бандерас исто така објави дека нема сериозни проблеми освен тоа што е поуморен од вообичаеното.
Тој времето во изолација го минал читајќи, пишувајќи и одмарајќи се додека тестот не покажал дека е излечен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …