(ФОТО) Американска мека чоколадна пита на Рејчел Ален

Состојки:
За кората:
75 г путер, исечен на коцки + малку за мачкање на калапот
115 г брашно
25 г шеќер
30 г ореви, сечкани многу ситно
Чоколаден слој:
30 г пченкарно брашно
малку сол
3 лажици какао
175 г шеќер
3 жолчки
450 г млеко
25 г путер
2 лажички екстракт од ванила
Кремаст слој:
250 мл слатка павлака
200 г крем сирење
150 г шеќер во прав
Подготовка: кора:истурете ги брашното и шеќерот во длабок сад, потоа втријте го омекнатиот путер да добиете нешто налик на крупни трошки. Додајте ги оревите и замесете меко тесто. Калапот намачкајте го со путер и наросете со брашно. Тестото расукајте го и нанесете во калапот, по дното и страните.Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете додека не добие златна боја. Извадете од рерна и калапот со тестото префрлете ги на жичана подлога, да се лади.
Во меѓувреме исејте ги брашното и какаото и со сол ставете во длабока чинија, потоа додајте шеќер и убаво измешајте. Жолчките изматете ги со млекото и измешајте со сувите состојки. Варете на средна температура додека не добиете густ крем. Густината треба да биде соодветна ако на површината со смесата можете да напишете осумка. Додајте путер и ванила, измешајте и оставете на страна да се лади.
Матете ја слатката павлака додека не стане цврста – матете го крем сирењето со шеќерот додека не омекне а потоа додајте го во павлаката.На крај со лажица за десерт сета смеса од крем сирење ставете ја на кората, малку израмнете ја па над неа нанесете ја чоколадната смеса. Со дршка од лажичка прошарајте за да изгледа како мермер, потоа префрлете во фрижидер да отстои.Најдобро преку ноќ, но доколку ви се брза може и неколку часови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …