(ФОТО) Аделина Тахири со гламурозна „бејби шауер“ забава пред породувањето

Дрес код на забавата бил сите да бидат облечени во бело. Аделина била облечена во долг фустан украсен со циркони и пердуви


Пејачката Аделина Тахири и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков, го очекуваат раѓањето на нивното прво дете. Аделина и Серјожа синоќа, во американски стил, познат како „бејби шауер“ направиле голема забава славејќи со пријателите дека наскоро ќе стане мајка.

👼🏼👼🏼👼🏼💙💙💙


A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on


Пејачката и адвокатот со голема забава го најавија раѓањето на нивното прво дете, син, кое треба да се случи набргу.
„Премногу сум емотивна, Ви благодарам што дојдовте. Нашиот син ќе се вика Јон“, им открила Тахири на гостите.

Дрес код на забавата бил сите да бидат облечени во бело. Аделина била облечена во долг фустан украсен со циркони и пердуви.

Аделина и Серјожа се свршија во декември, минатата година, по една година врска. Ова е втор брак на Серјожа Марков.

Фото: Prive.al

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Гол“ инцидент – Најголемиот скандал на Супер Боул се случи во 2004 година: Се сеќавате ли на настапот поради кој настана YouTube?

Шоуто на полувремето на Супер Боул во 2004 година влезе во историјата како еден од …