Келси Грамер во шоуто на Конан О’Брајан неодамна признал дека има само една тетоважа – името на неговата четврта сопруга на подрачјето на гениталиите.
Грамер, најпознат по својата улога како Фрејзер во „Кафулето“, а подоцна во истоимената серија, го промовираше неговиот нов филм, “Како татко”. Кога популарниот водител го прашал дали има тетоважа, тој изненадил со одговорот. Всушност, актерот беше во брак со Камила Грамер кога почнал да се забавува со неговата актуелна сопруга Кајт Волш, која ја запознал во авионот додека била стјуардеса.
Според пишувањето на магазинот Page Six, Камил дознала за шестмесечната врска и парот прекинал. Две недели по разводот, Грамер се свршил сво Кајт, а денес се во брак седум години. Во еден момент, неговата жена го прашала зошто не се тетовира и одлучил да го стави нејзиното име во пределот на гениталиите – „за луѓето да знаат дека оваа алатка веќе му припаѓа некому”, коментирал Грамер.