Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ републиката

„Нешто слатко” – романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 год. до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7000 задоволни гледачи.

Главниот дистрибутер во РСМ, ПРОЦЕС К ПРОДУКЦИЈА, им овозможува на гледачите проекцијата на филмот да ја гледаат во следните градови и термини: Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар” – 22.9, Демир Хисар – Дом на култура „Илинден” – 22.9, Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков” – 25 и 26.9, Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков” – 28.9, Кичево – Дом на култура „Кочо рацин” – 28.9, Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов” – 30.9, Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен), Охрид – Центар за култура „Григор Прличев” – 4 и 5.10, Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов” – во првата половина на октомври, Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев” – во првата половина на октомври, Валандово – Дом на култура „25-ти Мај” – исто така кон првата половина на октомври и во Крива Паланка – Центар за култура – по 10 октомври, а наскоро и во КИНО МИЛЕНИУМ, Скопје – кон крајот на септември и октомври.
Меѓу останатото филмот е прикажан во Cineplexx MK, Кино 3D Битола, Дом на млади Штип и Паркинг кино – Битола, како и на неколку фестивали.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …