Филипче: „Од компликации со коронавирусот почина д-р Деари, уролог од Тетово!“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук профил информира дека во ГОБ „8 Септември”, на 64-годишна возраст, починал д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.
Деари бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на КОВИД-19. По 15 дена болничко лекување, како што пишува Филипче, Деари ја загубил битката со болеста.
„Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани’, пишува министерот Филипче на ФБ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …