Фејсбук статус на Гоце Марков, лице кое помага во инфективната клиника: „Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се умира?“

Статус на Гоце Марков, медицинско лице кој пристигна на помош во Инфективната клиника во Скопје од внатрешноста на државата…
„За браќата и сестрите мои скептици!! Не е грипче луѓе! Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се умира?
Нема зборови! А јас мислев дека Бог ми подарил неговите чувства за да ги точам како вино низ моите усни?! Ден нулта-збунети ама без страв и напнатост чекам заедно со колегите запознавање со работата. Почнуваме!!
Ако овде е епицентарот на оваа напаст од болештина само тука е школата и само тука е борбата. А борбата за среќа или несреќа мене никогаш не ме одминала… Карма! Инфективна клиника звучи страшно ама не е до толку!
Работа е како и секоја друга. Само тука сме робови на протоколите и на ситните детали кои живот значат… Го гледам персоналот, исцрпен и на батерии, прегорен и согорен од уб иствената рутина…
Во животот, за моите години имам видено многу работи кои во друга професија се потребни векови… но ова е тука кај нас во Македонија и не е верно ама тоа е….
Што се случува тука? Тука Животот и Смртта се другари!? Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух! Умирањето тука не е процес! Тука сите работат… Секој се дава максимално и малце повеќе од тоа.
Има терапија на тони, протоколи кои мора да се почитуваат и еден куп мали работи кои се еквивалент на Живот секоја посебно.
А јас мислев дека сум железно професионален оклоп…не било така!! Колку и да си имун нема шанси тука да не станеш Човек.
Тешко е…многу е тешко…но не поради работата без крај туку поради чувство да дадеш еден атом плус од тебе за да преживее другиот!
И секогаш кога си одиш по патот одалечувајќи се од Инфективната клиника се прашуваш дали си дал доволно од себе?!
По мене тука смените не е важно колку саати се туку колку се има завршено… А секогаш е малку! Затоа има луѓе кои бираат Дупки и луѓе кои го бираат Небото!!
А небото не е граница за храбрите да знаете! Тоа е само еден обичен почеток!
П.С. Се поклонувам пред сите колеги кои несебично се даваат во оваа невообичаена појава од болест! Се молам за душите на оние кои ја изгубиле битката, А апелирам на совесност и на човечност во почитувањето на мерките!
Не поради друг!! Поради Вашите родители, поради Вашите деца, поради Вашите Фамилии…“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …