(ВИДЕО) ЕМОТИВЕН ГЕСТ – МАЖ И ЖЕНА ОД ВУХАН БИЛЕ ПРВИ КОРОНА ПАЦИЕНТИ ВО РИМ: Донирале 40.000 евра на болницата која (ги лекувала бесплатно) им ги спасила животите и ги излекувала!

Кинески брачен пар, кој како туристи, во јануари, кои биле првиот идентификуван случај на ковида-19 во Италија, во римската болница „Спаланзани“, каде што биле излекувани, донирале 40. илјади евра за истражување на коронавирус.
Парот Кинези, двајцата во шеесеттите години, по потекло од кинескиот град Вухан, биле во Рим на туристичко патување, кога се разболеле.
Тие биле лекувани во болницата скоро 40. дена, а двајцата биле на интензивна нега еден период, а потоа морале да поминат низ долг период на рехабилитација. Кога биле пуштени од болницата во април, жената плачела од среќа и на персоналот на болницата каде се лекуваат му кажала: „Ве сакаме, го сакаме овој град и Италија“.
Алесио Д’Амато, функционер во регионалната влада задолжен за здравство, рекол дека „подарокот е чин на големо признание и дарежливост на кинеската брачна двојка“, за што ги поканил повторно да го посетат Рим.
Во Италија, здравствената заштита е бесплатна, дури и лицата кои не се граѓани или живеат во Италија и се смета дека немаат соодветни документи, имаат право на бесплатна здравствена заштита.


Пред неколку години, се водела остра полемика кога на лекарите се обиделе да им наметнат да пријават пациенти кои немаат дозвола за престој во Италија, што првенствено се однесувало на мигрантите. Лекарите масовно одбиле, објаснувајќи „дека не сакаат да бидат шпиони“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без актерот и режисерот на познатите телевизиски серии „Волшебното самарче“ и „Белото Циганче“ – Ацо Алексов

Ацо Алексов е роден на 3 ноември 1932 во Струмица. Тој е македонски актер и …