Екран музичка историја – 17ти Август

На 17ти август во музичката историја, ги имаме следниве настани;

1960 година, The Beatles ја започнуваат нивната кариера со настапот во Indra Club во Хамбург, Германија, со четири часовна свирка на R&B преработки и изведба на некои од нивните оригинални песни.


1968 година, третиот албум на The Doors „Waiting For The Sun“,се искачува на првото место во Америка благодарение на хитот “Hello, I Love You.”

1968 година Elvis Presley ја снима “U.S. Male.”


1969 година, роден е пејачот/актер Donnie Wahlberg oд групата New Kids on the Block во Dorchester, Boston, Massachusetts.

1969 година, трет ден од фестивалот Woodstock со настапи на Joe Cocker, Crosby Stills, Nash & Young, Blood Sweat & Tears и Country Joe & the Fish.


1971 година, роден е вокалот и лидерот на групата Kid Rock – Robert James Ritchie во Romeo, Michigan.

1972 година, автопатот 51 South во Memphis, Tennessee, е преименуван во “Elvis Presley Boulevard.”

1974 година, албумот на Eric Clapton „461 Ocean Boulevard“ е на прво место во Америка.

1976 година, песната на Barry Manilow “I Write The Songs,” напишана од Bruce Johnston од The Beach Boys, се искачува на 1то место во Америка и е номинирана за песна на годината на Grammy наградите.

1987 година, Beastie Boys и Run-D.M.C. ја завршуваат нивната „Together Forever“ турнеја со шоу-концерт на Madison Square Garden во Њујорк.

1991 година, Nirvana го снимаат видеото за “Smells Like Teen Spirit” кое станува огромен хит на MTV.

1993 година, Aretha Franklin, Michael Bolton, Tony Bennett, Bob Dylan и Diana Ross настапуваат на инагурацијата на претседателот Бил Клинтон.

1996 година, David Bowie, Gladys Knight and the Pips, Jefferson Airplane, Little Willie John, Pink Floyd, The Shirelles и The Velvet Underground стануваат дел од Rock and Roll Hall of Fame.

2002 година, “Dilemma,” дуетот помеѓу раперот Nelly и Kelly Rowland, станува хит број 1 во Америка и останува на 1то место 10 недели.

2011 година, “Last Friday Night” на Katy Perry станува број 1 на Billboard Hot 100 листата, со што таа станува втор артист со пет број 1 синглови од ист албум (Teenage Dream). Друг таков изведувач е Michael Jackson со албумот Bad.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грешки што треба да ги избегнувате на првиот состанок: Психолозите велат дека има 4 работи на кои секој треба да обрне внимание

Не е секогаш лесно да излезете од вашата комфорна зона и всушност да запознаете некого …