Два стресни фактори кои ве изложуваат на поголем ризик од ковид

Луѓето кои страдаат од несоница или доживуваат голем стрес на работа се изложени на поголем ризик од заразување со ковид 19, сугерира новото истражување.
Тимот научници, предводен од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, верува дека овие состојби го ослабнуваат имунитетот, зголемувајќи ја подложноста на болести како што се оние предизвикани од коронавирус.
Откриле дека за секој дополнителен час сон, можноста за добивање коронавирус се намалува за 12. проценти.
Но, луѓето кои чувствуваат стрес на работа секој ден, имаат двојно поголема веројатност да заболат од вирус.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by 𝓐𝔂ş𝓮𝓷𝓾𝓻 𝓗𝓪𝓴𝓪𝓷 𝓲ç𝓮𝓷 (@aysnricn)


Студијата е објавена во списанието BMJ Nutrition Prevention & Health, а истражувачите ги анализирале резултатите од истражувањето спроведено од 17. јули до 25. септември во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и САД. Учесници биле здравствени работници, кои биле прашани колку спијат и колку стрес имаат на работа. Од 2.884 лица, 568 пријавиле дека биле заразени со ковид 19.
Утврдено е дека 24. проценти од испитаниците кои имале ковид 19. лошо спиеле, во споредба со 21. процент од оние кои не се заразиле. Слично на тоа, 18,2 проценти од работниците кои не се разболеле изјавиле дека никогаш не доживеале стрес на работа, во споредба со 13,7 проценти од оние кои се разболеле.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Perihan Çıragöz (@perihanciragoz)

Авторите на студијата веруваат дека и двете состојби – синдром на прегорување и несоница – го ослабуваат имунитетот.
„Синдромот на прегорување може директно или индиректно да го предвиди развојот на болести предизвикани од стрес, што го нарушува имунитетот и го менува нивото на кортизол. Откривме дека недостаток на сон во текот на ноќта, сериозни проблеми со спиењето и високи нивоа на стрес можат да бидат фактори на ризик за ковид 19“, напишале истражувачите како заклучок.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …