Поради епидемијата на коронавирусот во Италија, државните власти одлучиле од четврток, 5.март, да се затворат сите училишта и универзитети во земјата до средината на март.
Понатаму, министерот за спорт објавил дека сите натпрвеари на Сериа А ќе се играат пред празни трибини во наредните месец дена.
Во земјата има вкупно 2.500 заразени лица, а од болеста починале 79. лица, што е помалку само од Кина и Иран. Во исто време бројот на заразените лица во Иран пораснал на 2.922., а властите потврдиле 92. смртни случаи од коронавирусот.
ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ВО ИТАЛИЈА: Затворени сите училишта и факултети, еден месец фудбал пред празни стадиони!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.