ДРАМА НА ЛЕТ НА ШПАНСКИ АВИОН: Мислеле дека ќе биде мирен лет а потоа сите патници полетале кон плафонот!

Откако на летот на шпанската чартер компанија „Евелоп“ дошло до јаки турбуленции на патот кон Маурициус, 14. лица, добиле медицинска помош во Мадрид, соопштиле од авиокомпанијата.
Авионот A330-343 Ербас, во вторникот вечер, слетал на планираното одредиште на мадридскиот аеродром Барахас после турбуленцијата која траела 15. секунди после што авионот „пропаднал“ неколку стотици метри над Етиопија.
Тројца членови на посадата биле меѓу повредените и сите се здобиле со полесни повреди. Извор од компанијата рекол дека 11. од повредените патници го игнорирале предупредувањето за врзување на сигурносниот појас што било активирано пред авионот да влета во зоната на турбуленција.
Еден од патниците за весникот „El Mundo“ изјавил дека од силината на турбуленцијата „полетале кон плафонот и лебделе во воздухот како што гледате во филмовите“, додавајќи дека „сите мислевме дека ќе умреме“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …