Овен
Љубов:
Нема потреба да се однесувате скромно во друштво на саканата личност. Следете ги вашите чувства или „ритамот на срцето“.
Работа:
Наоѓате вистинска смисла или задоволство во различни ситуации кои го разубавуваат вашето расположение и го збогатуваат вашето животно искуство.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Бик
Љубов:
Партнерот знае да ве расположи со своите идеи. Некои ситуации се повод за заедничка среќа и задоволство.
Работа:
Некој се обидува да ве натера да имате поинакво мислење, но вие имате свои цели и не отстапувате од плановите што сте ги започнале.
Здравје:
Слободното време посветете го на рекреација, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Вие сте оптоварени со нови емотивни претчувства, но ова е одраз на вашата моментална состојба и недостаток на инспирација.
Работа:
Средбата со една личност ви изгледа заморно, не обрнувате доволно внимание на други настани во кои активно учествуваат вашите соработници.
Здравје:
Поттикнете ја упорноста, оптимизмот и силната волја во себе.